Home – SASA lead & zinc mine

Заврши отворениот повик за Акцелераторска програма „Започни ја својата бизнис авантура во Македонска Каменица“   

СЛЕДНИ ЧЕКОРИ ЗА АПЛИКАНТИТЕ:
Акцелераторската програма „Започни ја својата бизнис авантура во Македонска Каменица“ официјално го затвори процесот на аплицирање. Им упатуваме искрена благодарност на сите што аплицираа и покажаа интерес за оваа пилот-активност во рамки на проектот „Одржлив развој за Македонска Каменица“.

ШТО СЛЕДУВА?
Следната фаза од програмата вклучува:

  • Интензивна бизнис обука, приспособена за поддршка на развојот на иновативни и одржливи бизниси.
  • Индивидуални менторски сесии со експерти од бизнис секторот и индустријата.
  • Учество во натпревар за најдобар бизнис план, со можност за добивање на финансиски грантови во износ од 5.000 до 20.000 евра

           за поддршка на растот на вашиот бизнис.

Со нетрпение очекуваме да работиме со избраните апликанти и да им помогнеме да ги претворат своите идеи во влијателни, локални и успешни бизниси кои ќе придонесат кон одржливиот развој на Македонска Каменица. Акцелераторската програма „Започни ја својата бизнис авантура во Македонска Каменица“ е пилот активност како дел од проектот „Одржлив развој за Македонска Каменица“, која има за цел поттикнување на локален економски развој во општина Македонска Каменица.

Програмата вклучува интензивна тренинг програма која има за цел да им помогне на индивидуалните апликанти, новооснованите компании (стартап фирми) и постоечките микро и мали компании при трансформација на нивните идеи во успешни бизниси. Примарната цел е да се подобрат знаењата и вештините на учесниците, а со тоа да се помогне при основањето одржливи бизниси и поттикнување на економскиот раст во регионот.

По завршувањето на обуката, учесниците ќе имаат можност за индивидуални менторски сесии со експерти врз основа на специфичните потреби на учесниците, по што ќе следи натпревар во бизнис план, нудејќи им на учесниците можност да се натпреваруваат за финансиска поддршка од 5.000 до 20.000 Евра. Грантовата програма ќе им овозможи на поединците, компаниите и невладините организации да започнат нов проект или да ги прошират своите ресурси, да отворат нови работни места и да го забрзаат растот на бизнисот побрзо отколку што би можеле да го направат тоа само со сопствени средства.

Акцелераторската програма нуди бесплатна обука и менторство, прилагодени за претприемачите од Македонска Каменица. Примарната цел е да се подобрат знаењата и вештините на учесниците, а со тоа да се помогне при основањето одржливи бизниси и поттикнување на економскиот раст во регионот. Учесниците ќе имаат можност да посетат сеопфатна обука за деловно и финансиско планирање, вклучувајќи и насоки за пристап до финансии, како и ефективни маркетинг стратегии.

Акцелераторската програмата, вклучително и обуките, финансирање на проектни идеи и имплементација на проектите, ќе биде спроведена во периодот од февруари 2025 до декември 2025 година.

  • Индивидуалци и тимови
  • Микро и мали компании (до 100.000 евра годишен промет за претходната фискална година)
  • Невладини организации-минимум една година постоење до денот на аплицирање за грант

Приоритетни области:

  • Развој на туризам: активен, рурален и историско-манастирски
  • Развој на земјоделие

*Подетално за приоритетните области видете во Водичот за апликанти

Подобна локација за спроведување на проектот: Економската активност предложена од апликантите мора да се одвива во општина Македонска Каменица и нејзината околина. Општина Македонска Каменица ги опфаќа: Тодоровци, Луковица, Костин Дол, Косевица, Моштица, Дулица, Саса, Цера и градот Македонска Каменица.

Кандидатите кои успешно ќе ја завршат акцелераторската програма и ќе ги исполнат критериумите за добивање на грант, ќе се квалификуваат за можност да аплицираат за финансирање на проектните идеи.

  • Вкупниот расположлив паричен фонд наменет за финансирање на проектни идеи во рамки на оваа пилот активност е 50.000 Евра.
  • Минималниот износ за финансирање на проектна идеја мора да изнесува 5.000 Евра, а максималниот побаран износ за финансирање изнесува 20.000 Евра.
  • Задолжително ко-финансирање од 20% од износот на побараниот грант од страна на имплементаторот на проектната идеја.

Контакт лице:

Ана Павлова

a.pavlova@sasa.com.mk

+389 71 334 922

mk_MK