Рудник САСА ДООЕЛ објавува оглас за продажба на резервни делови за мобилна опрема преку доставување на затворени понуди. Списокот на понудените резервни делови можете да го најдете подолу на оваа страница.
РОК И НАЧИН НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДИТЕ
Понудата за дел или за целата количина резервни делови треба да се достави во затворено плико, најдоцна до 12 часот на 12 мај 2025, на следната адреса: Рудник САСА ДООЕЛ, ул. „Рударска“ бр. 28, 2034 Македонска Каменица, со назнака „Понуда за продажба на резервни делови за мобилна опрема”. Понудата може да се достави и лично во архивата на Рудник САСА ДООЕЛ. При оценувањето ќе се земат предвид единствено понудите кои ќе бидат доставени најдоцна до определениот рок.
ОЦЕНУВАЊЕ НА ПОНУДИТЕ
Процесот на оценување на понудите и одлуката за определување на најповолен понудувач ќе се спроведе врз основа на интерните процедури на Рудник САСА ДООЕЛ.
НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ
Плаќањето на купените резервни делови е еднократно и треба да се изврши веднаш по склучувањето на договорот. Плаќањето ќе се врши во денари, а данокот на додадена вредност не е вклучен во продажната цена и истиот е на товар на купувачот.
УВИД ВО ПОНУДЕНАТА ОПРЕМА
Продажбата на резервните делови за мобилна опрема ќе се реализира според принципот „видено – купено”. Понудените резервни делови може да се видат секој работен ден од 09:00 до 14:00 часот, почнувајќи од денот на објавување на огласот, па сѐ до денот кога треба да се достават понудите, со задолжителна претходна најава на лицата кои ќе присуствуваат на увидот.
Контакт лице за дополнителни информации:
Бобан Веселинов, референт за набавки
e-mail: b.veselinov@sasa.com.mk
Телефон: 033 279 211