Home – SASA lead & zinc mine

Повозрасните групи дечиња при детската градинка „Бамби“ ја посетија локалната канцеларија на Рудник САСА во Македонска Каменица. Преку оваа активност, дечињата имаа убава можност непосредно да се запознаат со работата на најголемиот македонски рудник. За начинот на кој се врши подземно ископување на оловo и цинкова руда.

Дечињата имаа прилика, на интересен и сликовит начин, да научат како се ископуваат и добиваат оловото и цинкот – метали без кои не може да се замисли современиот начин на живот, – истакнуваат од детската градинка Бамби, по завршувањето на посетата.

Впечатоците од успешната приказна за рудникот САСА, создадена со знаење, посветена работа и модерни машини за работа на вработените во САСА, дечињата можат да ги изразуваат и преку боенка создадена токму за нив. Таму, дечињата ќе имаат можност да патуваат низ приказната на Рудникот САСА, раскажана преку фантазијата и цртежите на нашата млада и талентирана сограѓанка, Софија Ситновска.

Од детската градинка упатуваат благодарност на одговорните во САСА за прекрасниот прием и убавите споделени моменти. Истакнуваат дека боенка со мотиви и илустрации творени од младата Софија, ќе добијат и сите останати дечиња во „Бамби“.

mk_MK