Фондацијата Саса е основана во 2021 година и оттогаш поддржува различни иницијативи на заедницата.
Крајната цел на Фондацијата е да го поддржи одржливиот развој на локалните заедници и животната средина, пред се во општина Македонска Каменица и нејзините соседни општини во Северна Македонија.
Фондацијата се фокусира на поддршка на младите, ранливите категории и потребите на пошироката заедница преку иницијативи во образованието, здравството, грижата за животната средина, спортот, урбаното планирање и културата. Со посветеност на ефективно решавање на локалните потреби, Фондацијата Саса има за цел да има позитивно влијание и да поттикне просперитетна иднина за сите.
Апликациите може да се подготват и доставуваат преку овој портал за апликанти.
Доколку имате какви било прашања или потешкотии при составувањето на апликацијата, ве молиме контактирајте не на:
Нов ентериер во градинката „Бамби“
Отворени денови за градинката и основното училиште
Нови народни носии за Културно уметничкото друштво Вера Јоциќ - М.Каменица
Пошумување на територијата на М.Каменица со различни видови листопадни и зимзелени дрва засадени на осум локации
Донации на заедницата во областа на образованието, културата, медицината и спортот
Донација на нов апарат за дигитална радиографија во здравствената станица во М.Каменица
Традиционално, секоја година, Саса доделува пригодни подароци на различни групи на граѓани на локалната заедница.