Home – SASA lead & zinc mine

Проекти

Како произведуваме концентрати од олово и цинк

Саса е подземен рудник за цинк и олово кој произведува приближно 800.000 тони руда годишно.

Рудникот се состои од три рудни тела: Свиња река, Козја река и Голема река.

До рудното тело во Свиња река се пристапува преку два влеза од површина и во моментот е единствено рудно тело кое се експлоатира.

Исто така оперативно е и окно за сервис и превоз на материјалии кое е поврзано со Свиња Река а е локациски во Голема Река.

Експлоатацијата на рудата се врши со дупчење со помош на Електро худраулична дупчалка (ЕХД) со една грана, се минира и потоа се врши утовар со подземни утоварувачи. Главните транспортни хоризонти се на интервали од околу 80 метри по висина, со подeтажи на секои 7 до 10 метри во зависност од методот на откопување.

Од 2023 година Саса е во процес на транзиција од историскиот метод на откопување со зарушување на кровина кон новите методи на откопување со заполнување на празни простори и откопување со долги дупчотини. Оставените празни простори како и новите откопани простори ќе бидат заполнети со паста составена од цементирана флотациска јаловина.

Транспортот на рудата, 60 до 70% од количината се врши преку рудни сипки до хоризонт 830 каде што со железнички транспорт се транспортира до окното Голема Река, а потоа со трака се транспортира на површина. Останатите 30 до 40 % се транспортираат со јамски камиони на површина преку нископ Централ и хоризонт 14б. Овој сооднос ќе се промени бидејќи новиот нископ Централ ќе се прошири до најдолната точка на рудникот, обезбедувајќи попродуктивен транспортен систем.

Откако ќе се транспортира на површината, рудата се дроби во три фази а потоа оди на мелење каде се вклучени два паралелни сета на куглични млинови, спирални класификатори и шипкасти млинови за да се осигура дека ископаниот материјал е со соодветна големина за ослободување со флотација на приближно 74 микрони.

Погонот за флотација потоа работи со процесите на флотација на олово и цинк, произведувајќи посебни концентрати кои поминуваат низ филтер преса за да се добијат производи што содржат 5-9% влага. Оловниот концентрат содржи околу 73% олово, а концентратот од цинк содржи околу 49% цинк. Концентратите се складираат во два посебни скалдишта пред да бидат утоварени во камиони за транспорт за подоцна продажба на топилниците.

ИНВЕСТИРАЊЕ ВО РУДНИКОТ

САСА МОМЕНТАЛНО ПРЕМИНУВА НА НОВИ МЕТОДИ НА РУДАРСТВО ЗА СОЗДАВАЊЕ ПОБЕЗБЕДНА И ПООДРЖЛИВА ПОДЗЕМНА ДОЛГОРОЧНА РАБОТА

Изградба на фабрика за паста и придружни цевки за ретикулација

Изградба на фабрика за суво одлагање и подготовка на локација за суво одлагање

Пробивање на нов, поширок директен влез, познат како "Нископ централ"

Целта на инвестициите е:

• Олеснување на транзицијата на методот на откопување на Свиња река од метод на откопување со зарушување на кровина кон метод на откопување со заполнување на празните простoрии.

• Максимизирање на екстракцијата на подземните ресурси во Саса со користење на засипување на паста за подобрување на геотехничките карактеристики на рудникот и поселективни методи на рударство.

• Ова ќе резултира со побезбедна работа, а подобрените геотехнички карактеристики ќе обезбедат максимална екстракција на минералните ресурси на Саса.

• Материјалот со јаловина „паста“ ќе се создава со користење на јаловина од погонот за преработка на Саса. Ова, во комбинација со предложената постројка за суво одлагање, треба да обезбеди Саса да не мора да гради и користи ново јаловиште по затворањето на Јаловиште бр.4.

Ова му овозможи на ЦАМЛ да постави цел 70% од минералниот отпад на Саса да се складира на поодговорен начин во однос на животната средина до крајот на 2026 година.

mk_MK