Акцелераторската програма „Започни ја својата бизнис авантура во Македонска Каменица“ вклучувајќи обуки за претприемачи и финансиска поддршка, е пилот активност како дел од проектот „Одржлив развој за Македонска Каменица“. Програмата вклучува интензивна тренинг програма која има за цел да им помогне на индивидуалните апликанти, новооснованите компании (стартап фирми) и постоечките микро и мали компании при трансформација на нивните идеи во успешни бизниси, преку менторство, едукација, вмрежување и финансирање.
Програмата има за цел поттикнување на локален економски развој во општина Македонска Каменица, во рамките на следните стратешки цели:
Акцелераторската програма нуди бесплатна обука и менторство, прилагодени за претприемачите од Македонска Каменица. Примарната цел е да се подобрат знаењата и вештините на учесниците, а со тоа да се помогне при основањето одржливи бизниси и поттикнување на економскиот раст во регионот. Учесниците ќе имаат можност да посетат сеопфатна обука за деловно и финансиско планирање, вклучувајќи и насоки за пристап до финансии, како и ефективни маркетинг стратегии.
По завршувањето на обуката, учесниците ќе имаат можност за индивидуални менторски сесии со експерти врз основа на специфичните потреби на учесниците, по што ќе следи натпревар во бизнис план, нудејќи им на учесниците можност да се натпреваруваат за финансиска поддршка од 5.000 до 20.000 Евра. Грантовата програма ќе им овозможи на поединците, компаниите и невладините организации да започнат нов проект или да ги прошират своите ресурси, да отворат нови работни места и да го забрзаат растот на бизнисот побрзо отколку што би можеле да го направат тоа само со сопствени средства.
Акцелераторската програмата, вклучително и обуките, финансирање на проектни идеи и имплементација на проектите, ќе биде спроведена во периодот од февруари 2025 до декември 2025 година.
Приоритетни области:
*Подетално за приоритетните области видете во Водичот за апликанти
Подобна локација за спроведување на проектот: Економската активност предложена од апликантите мора да се одвива во општина Македонска Каменица и нејзината околина. Општина Македонска Каменица ги опфаќа: Тодоровци, Луковица, Костин Дол, Косевица, Моштица, Дулица, Саса, Цера и градот Македонска Каменица.
Кандидатите кои успешно ќе ја завршат акцелераторската програма и ќе ги исполнат критериумите за добивање на грант, ќе се квалификуваат за можност да аплицираат за финансирање на проектните идеи.
Сите заинтересирани апликанти треба да пополнат онлајн апликација најдоцна до 7 април 2025.
За повеќе информации преземете го Водичот за апликанти.
Контакт лице:
Ана Павлова
a.pavlova@sasa.com.mk
+389 71 334 922