
Фондација САСА започнува со реализација на нова иницијатива за создавање и поддршка на развојот на мали одржливи бизниси ...
Добредојдовте во рудникот Саса
Рудното наоѓалиште Саса е откриено за време на истражување помеѓу 1954 и 1965 година. Во 1965 е отпочнато со пробна експлоатација, а во 1966 година рудникот започнал со комерцијално производство на руда, како фирма во државна сопственост. Рудникот се затворa во 2003 година и фирмата оди во стечај поради недостаток на финансирање.
Групацијата „Солвеј Инвестментс“ го купува рудникот, инвестира во нова опрема и рудникот продолжува со работа во 2006. „Солвеј груп“ подоцна го продава Рудникот на Фјужн Капитал и Групацијата „Орион Маин Фајненс“ во 2015 година.
Во 2017, Централ Азиа Металс го купува Рудникот Саса.
Безбедноста е наша суштинска вредност и ние сме целосно посветени кон заштита на здравјето и благосостојбата на нашите вработени. Работиме напорно за да ги следиме, процениме и ублажиме сите ризици кои потенцијално можат да и причинат повреда на нашите вработени.Се стремиме кон тоа секој поединец во компанијата да разбере дека безбедноста е и негова одговорност.
Поттикнуваме отворена и конструктивна комуникација со членовите на тимот и ја цениме соработката.Транспарентноста ја постигнуваме преку искрена, правична и отворена комуникација со сите клучни засегнати страни изградена на споделување информации, јасност и точност. Отворени сме да ги препознаеме нашите грешки и да ги подобриме практиките.
Преземањето одговорност за одржлив развој е нашата основна цел. Се стремиме позитивно да влијаеме врз нашите вработени и локалните заедници, притоа минимизирајќи ги влијанијата врз животната средина.
Го охрабруваме нашиот тим да ги прифати промените и да се посвети и продолжи да ги користи технологијата и иновациите за да ги подобриме нашите операции. Овој пристап ни помага мудро и ефикасно да ги користиме нашите ресурси за да постигнеме долгорочно одржливо производство.
Фондација САСА започнува со реализација на нова иницијатива за создавање и поддршка на развојот на мали одржливи бизниси ...
И покрај сите предизвици поврзани со растот на оперативните трошоци и нестабилноста на цените на оловото и цинкот на светските пазари, околу 790 вработени...
Рудникот Саса, со група независни автори, издаде книга за најмладите членови на заедницата наменета...
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска го посети најголемиот подземен рудник за олово и цинк во...
окрај поддршката што ја дава во текот на целата година, во пресрет на новогодишните и божиќните празници Рудник САСА реализираше неколку...
Со големо задоволство објавуваме дека на годинешниот ликовен конкурс за детски цртежи на Рудник Саса пристигнаа 129 цртежи од 121 талентирано дете од општина...