Home – SASA lead & zinc mine

Покрај поддршката што ја дава во текот на целата година, во пресрет на новогодишните и божиќните празници Рудник САСА реализираше неколку активности со цел да ги награди своите вработени и да придонесе сите во локалната заедница да ја почувствуваат радоста на празниците.

Image Not Found

И оваа година сите вработени во Рудник САСА добија новогодишен бонус и пригодни подароци, во знак на благодарност за нивната посветена работа во текот на целата година и нивниот придонес за успехот на компанијата.

Поделени беа и над 600 новогодишни пакетчиња за децата од локалната детска градинка и од основното училиште „Кирил и Методиј“ во Македонска Каменица.

Image Not Found

Дополнително, донации во пакети со храна и други основни производи беа обезбедени за 227 семејства од социјално ранливи категории во локалната заедница, a доделена е и соодветна поддршка за корисниците на Дневниот центар за лица со попреченост во Македонска Каменица.

Image Not Found

Продолжувајќи ја востановената традиција, претставници од менаџерскиот тим на Рудник САСА ќе ги посетат дежурните тимови во службите за итна медицинска помош, противпожарната единица, полицијата и вработените во Рудник САСА кои ќе работат на новогодишната ноќ. На сите нив ќе им ги честитаат празниците и ќе им предадат пригодни подароци.

Image Not Found

„Овие активности ја одразуваат нашата континуирана посветеност за благосостојбата на заедницата и нашите вработени. Радоста што ја носат овие празници сакаме да споделиме со сите, бидејќи веруваме во важноста на поддршката и солидарноста“, велат од Рудник САСА.

Претходно оваа година, рудникот донираше и нов современ систем за ЛЕД-осветлување на спортската сала при основното училиште во Македонска Каменица, која ја користат и неколку локални спортски клубови.

Image Not Found

Оваа донација е дел од континуираните напори на Рудник САСА за подобрување на локалната спортска инфраструктура и поддршка на развојот на младите спортски таленти во локалната заедница.

Македонска Каменица, 30 декември 2024

mk_MK