Home – SASA lead & zinc mine

Во организација на Рудник САСА, од 2 април до 4 мај 2026 ќе се одржи годинешниот турнир во мал фудбал „Рудник САСА 2026“, на кој, во едномесечно пријателско натпреварување, ќе учествуваат тимови составени од вработени во рудникот.

Турнирот претставува веќе воспоставена спортска традиција во Македонска Каменица која го промовира тимскиот дух, фер-плејот и заедништвото меѓу вработените, како и нивната силна поврзаност со локалната заедница.

Како и во изминатите години, натпреварите ќе се одржат во спортската сала „Св. Кирил и Методиј“ во Македонска Каменица, а свеченото отворање е закажано за утре, четврток, 2 април 2026 година, со почеток во 18:30 часот.

Оваа година на турнирот ќе се натпреваруваат осум екипи: Рудник-Транспорт, Хоризонт 990, Хоризонт 910, Хоризонт 800-Капитални објекти, Флотација, Технички служби, Машинско одржување-Епирок и Електро одржување.

Од Рудник САСА упатуваат отворена покана до сите граѓани да присуствуваат, да уживаат во спортските натпревари и да ги поддржат своите фаворити.

Организаторите обезбедија професионални услови за одржување на натпреварите, со ангажман на официјални судии: Горан Гоцевски и Сашо Мицевски, како и медицинска поддршка од д-р Дарко Петровски, со цел да се осигура безбедноста и регуларноста на турнирот.

Турнирот во мал фудбал „Рудник САСА 2026“ не е само спортски настан, туку и уште една потврда за силната поврзаност помеѓу рудникот САСА и локалната заедница, како и потврда за посветеноста на компанијата кон создавање позитивна, активна работна и општествена средина.

Македонска Каменица, 01 април 2026

mk_MK