Home – SASA lead & zinc mine

Од идеи до реални бизнис приказни: Доделени грантови за четири нови локални бизниси

На 21 април 2026 година Фондација САСА потпиша договори за доделување грантови за кофинансирање на четири иновативни бизнис проекти, учесници во Акцелераторската програма „Започни ја својата бизнис авантура во Македонска Каменица, во вкупен износ до 50.000 евра.
Целта на Програмата е да им помогне на локалните претприемачи да започнат или развијат свои бизниси, со што директно се поттикнува локалниот економски развој и создавањето нови работни места.

ПОДДРЖАНИ БИЗНИС ПРОЕКТИ
Избраните проекти, селектирани од стручна комисија, се:

  • Vila Kalimana Lake View – проект за развој на нов туристички комплекс во близина на езерото Калиманци.
  • Физио Актив – проект за развој и понуда на организирани тури и туристички услуги со електрични велосипеди.
  • Micro Greens – проект за производство на органски земјоделски култури.
  • Осоговски плод – проект за собирање и преработка на природни шумски плодови.

Овие бизнис проекти припаѓаат во областите кои се идентификувани како приоритетни од страна на заедницата, по претходно организирани работилници, и имаат висок потенцијал за одржлив развој, како што се туризмот и земјоделството.

ОД ИДЕЈА ДО РЕАЛЕН БИЗНИС
На јавниот повик се пријавија 18 кандидати, од кои 16 развија бизнис планови во финалната фаза. Покрај финансиската поддршка, сите учесници добија:

  • Практични обуки
  • Менторска поддршка
  • Знаења за развој и реализација на бизнис


Во наредниот период, избраните проекти влегуваат во фаза на имплементација со континуирана стручна поддршка.

ИНВЕСТИЦИИ ВО ЛУЃЕТО И ИДНИНАТА

„Со оваа Програма не инвестираме само во бизнис идеи, туку и во луѓето и во иднината на Македонска Каменица. Нашата цел е создавање одржливи бизниси кои носат нови работни места и долгорочна вредност за заедницата“ - Управен одбор на Фондација САСА

ДЕЛ ОД ПОШИРОКА РАЗВОЈНА ВИЗИЈА

Акцелераторската програма е дел од пошироките иницијативи на Рудник САСА и Фондацијата САСА, насочени кон:

  • Зајакнување на локалната економија;
  • Поттикнување претприемачка култура;
  • Подобрување на квалитетот на живот во заедницата.

Акцелераторската програмата, вклучително и обуките, финансирање на проектни идеи и имплементација на проектите, ќе биде спроведена во периодот од февруари 2025 до декември 2025 година.

  • Индивидуалци и тимови
  • Микро и мали компании (до 100.000 евра годишен промет за претходната фискална година)
  • Невладини организации-минимум една година постоење до денот на аплицирање за грант

Приоритетни области:

  • Развој на туризам: активен, рурален и историско-манастирски
  • Развој на земјоделие

*Подетално за приоритетните области видете во Водичот за апликанти

Подобна локација за спроведување на проектот: Економската активност предложена од апликантите мора да се одвива во општина Македонска Каменица и нејзината околина. Општина Македонска Каменица ги опфаќа: Тодоровци, Луковица, Костин Дол, Косевица, Моштица, Дулица, Саса, Цера и градот Македонска Каменица.

Кандидатите кои успешно ќе ја завршат акцелераторската програма и ќе ги исполнат критериумите за добивање на грант, ќе се квалификуваат за можност да аплицираат за финансирање на проектните идеи.

  • Вкупниот расположлив паричен фонд наменет за финансирање на проектни идеи во рамки на оваа пилот активност е 50.000 Евра.
  • Минималниот износ за финансирање на проектна идеја мора да изнесува 5.000 Евра, а максималниот побаран износ за финансирање изнесува 20.000 Евра.
  • Задолжително ко-финансирање од 20% од износот на побараниот грант од страна на имплементаторот на проектната идеја.

Контакт лице:

Ана Павлова

a.pavlova@sasa.com.mk

+389 71 334 922

mk_MK