Home – SASA lead & zinc mine

Рудникот САСА донираше апарат за анестезија за болницата во Кочани

Во Општата болница со проширена дејност – Кочани беше извршено официјалното примопредавање на новиот апарат за анестезија, донација од Рудник САСА. Се работи за најсовремен апарат за анестезија модел Fabius plus XL од производителот Dräger од Германија. Апаратот содржи и респиратор, односно интегриран модул за мерење на концентрација на гас во дишниот систем (SCIO модул). – Кочани, д-р Александар Серафимов. Овој современ медицински апарат за болницата во Кочани е дел од вкупната донација на рудникот САСА за справување со пандемијата на Ковид-19 во нашата земја, која се состои од медицинска опрема, заштитни материјали, прехранбени и хигиенски производи и парични средства. Упатувајќи голема благодарност кон целокупниот персонал на болницата Кочани, како и до сите останати здравствени работници ширум земјата, за нивниот ангажман и залагање во третманот на пациентите со Ковид-19, како и на останатите пациенти, генералниот директор на Рудник САСА, Олег Телној рече дека се горди што во овие тешки времиња имаат можност да помогнат онаму каде што помошта е најпотребна. -Соработуваме со институциите на локално и национално ниво за да утврдиме како можеме најдобро да придонесеме во борбата против Ковид-19. Веруваме дека донациите што ги обезбедивме, како што е оваа за болницата во Кочани, ќе придонесат сите заедно полесно да ги надминеме предизвиците што оваа пандемија ни ги наметна, изјави Телној.

Рудник САСА донира 126 илјади евра за да помогне во борбата со коронавирусот

Рудник САСА ја објави намерата да донира до 126.000 евра во медицинска опрема, заштитни материјали, прехранбени и хигиенски производи и парични средства за справување со пандемијата на Ковид-19. Донацијата има пет компоненти. Првата е наменета за набавка на најсовремена автоматска анестезиолошка станица во Општата болница во Кочани за што ќе бидат обезбедени 35.000 евра. Оваа машина ќе биде наменета за третман, поддршка и следење на здравствената состојба на пациентите кои се лекуваат во оваа болница. До 25.000 евра ќе бидат наменети за набавка на заштитна опрема за медицинскиот персонал во Клиничката болница во Штип, каде се лекуваат пациентите со Ковид-19 од целиот источен регион. Изборот на конкретната медицинска и заштитна опрема што ќе бидат набавени, како што се наведува, е направен во координација со раководните тимови на двете болници. Преку донација на прехранбени и хигиенски производи во вредност од над 5.000 евра рудникот САСА се вклучи и во реализацијата на хуманитарна акција што ја спроведува претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, насочена кон поддршка на граѓаните од најранливите категории кои се во социјален ризик, погодени од кризата предизвикана од Ковид-19 пандемијата. Рудник САСА исто така донираше 50.000 евра за Министерството за здравство. Менаџерскиот тим на компанијата верува дека ресорното министерство најдобро ќе ги утврди потребите за финансирање на здравствениот систем и соодветно ќе ги распредели овие средства со цел да го заштити населението од ширењето на Ковид-19. Претходно, САСА обезбеди и заштитни маски, ракавици и дезинфекциски средства за жителите од локалната заедница во вредност од околу 11.000 евра. –Врвен приоритет на рудникот САСА и неговите сопственици – компанијата Централна Азија Металс од Лондон – во овие тешки времиња е благосостојбата на нашите вработени, добавувачите и на луѓето од локалните заедници во кои работиме. Горди сме што имаме можност да им помогнеме на оние на кои таа им е најпотребна. Раководени од овие вредности, соработуваме со институциите на локално и национално ниво за да утврдиме како можеме најдобро да придонесеме во борбата против Ковид-19. Веруваме дека во финансирањето на областите што ги идентификувавме ќе дадеме навистина значаен придонес за земјата, со што сите заедно ќе ги надминеме предизвиците што оваа пандемија ни ги наметна, изјави генералниот директор Олег Телној.

Рудник Саса е „Компанија на неделата“ според ССМ

Рудникот Саса се најде на листата прв најдобар работодавач за минатата недела, во избор на најбројниот и најстар синдикат во земјава, Сојузот на синдикати на Македонија. Сојузот на синдикатите на Македонија спроведува кампања на прогласување на најдобра компанија на неделата. Меѓу позначајните чекори кои придонесоа за оваа награда од компанијата се неколкуте значајни чекори кои ги презеде рудникот во време на пандемија од Ковид-19. “Ги зголемивме платите на вработените за пет проценти, исплативме премија на вработените, воведовме дополнителни мерки и протоколи за БЗР поврзани со коронавирусот, а исто така дониравме 125 илјади евра за борба против Ковид-19. Покрај ова, Рудник „Саса“ продолжува со силната и веќе докажаната општествена одговорност“ Компанијата ќе продолжи да биде главен двигател на локалната економија во Македонска Каменица, но и главен покровител на речиси сите спортски клубови, културни настани и манифестации, социјални активности, а и сериозен поддржувач на образованието, здравството и невладиниот сектор. Еднаш неделно на крајот на неделата, ССМ изготвува соопштение со кое ќе споделува со јавноста за компаниите кои се пример и кои треба да ги следат сите работодавачи во овој период. „Во услови на здравствена криза која не смееме да дозволиме да се претвори во криза на пазарот на трудот, кога голем број на несовесни работодавачи најавуваат отпуштање на работниците, праќање на принуден одмор, намалување на платите, подметнување на спогодби за престанок на работниот однос за кои ССМ континуирано во изминатиот период предупредуваше, сметаме дека е важно да се информира за компаниите кои се пример и кои треба да ги следат сите работодавачи во овој период. Согласно информациите со кои располага ССМ, најдобра компанија оваа недела е Рудникот Саса. Ова е примерот што треба да се следи! Да ги следиме поитивните примери“, пишуваат од ССМ во своето соопштение. 

Рудник САСА ги зголеми платите и надоместоците за работна успешност на вработените

Менаџерскиот тим на Рудник САСА донесе одлука за ново зголемување на платите на сите вработени за пет проценти. Ваквата одлука почнува да се применува од почетокот на оваа година, односно со исплатата на јануарската плата. Дополнително, менаџментот на САСА одлучи да го зголеми и надоместокот за работна успешност што им се исплаќа на вработените при исполнување на одредени цели. При тоа најголемо зголемување на овие надоместоци добија рударите, техничкиот кадар и персоналот што работи на одржување на опремата во рудничките јами. Ова е трета година по ред како САСА врши зголемување на месечните примања на своите вработени, во согласност со ветувањето на раководството на компанијата дадено во март 2018. Со најново зголемување, месечните примања на вработените во Рудник САСА ќе бидат над 40% повисоки од износот на просечната нето плата во земјата. „Менаџерскиот тим на САСА, поддржан од неговите сопственици – компанијата Централ Азија Металс, е посветен да обезбеди вработените да бидат фер третирани и соодветно наградени за нивните напори. Паралелно со процесот на зголемување на платите и надоместоците за работна успешност, продолжуваме да инвестираме и во останатите значајни сегменти, како што се: заштитата на животната средина, безбедноста и здравјето и современата опрема и технологија. Со ваквите вложувања ние се трудиме да ја унапредиме благосостојбата и социјалната сигурност на сите вработени, да ги мотивираме дополнително и да обезбедиме поголема продуктивност и ефикасност во нашето работење, со што создаваме услови за натамошен одржлив развој на рудникот САСА“, вели генералниот директор на Рудник САСА, Олег Телној.

mk_MK