Home – SASA lead & zinc mine

Рудникот Саса, со група независни автори, издаде книга за најмладите членови на заедницата наменета за нивно запознавање со природните убавини. Целта на книгата „Јасмина низ Осоговските Планини - приказна за запознавање на природните вредности и како да ги заштитиме“ е да се збогати литературата за деца на македонски јазик посветена на проучување на природата, како и да се даде придонес кон градењето на свесноста за потребата од зачувување на животна средина.

Image Not Found

Книгата, која првенствено е наменета за деца и ученици до петто одделение, претставува едукативно еколошко четиво, кое преку автентичен стил на раскажување и градење на приказната го води читателот низ природните карактеристики на околината на рудникот Саса и Осоговските планини, нивните природни убавини и биолошка разновидност.

Image Not Found

Книгата содржи и насоки за безбедно движење и правилно однесување во природа, а во неа, на соодветен начин, е опишана и симбиозата помеѓу рударството и природата, која со векови постоела во овој регион, како и активностите што ги презема рудникот Саса за одржување на ваквата рамнотежа.

Image Not Found

Автор на текстот на книгата е биологот и едукатор Кирил Арсовски-Пржо, а цртежите се на младата наградувана илустраторка Софија Ситновска.

Image Not Found

Упатувајќи благодарност до целиот тим кој работеше на реализацијата на овој едукативен проект, раководителот на службата за заштита на животната средина во Рудник Саса, Марија Стојановска изјави: „Идејата за реализацијата на овој проект произлезе од фактот дека свесноста и љубовта кон природните убавини започнува да се создава уште од најмала возраст. Затоа ние во рудникот Саса со посебно внимание и посветеност се ангажиравме во изработката на оваа прекрасно илустрирана книга која веруваме дека децата ќе ја засакаат и ќе придонесе за збогатување на нивите познавања за природата во која живеат и ги опкружува и која ќе биде еден вид патоказ за тоа како треба да се однесуваат кон неа“.

Image Not Found

Најголем дел од тиражот на книгата рудникот Саса ќе им го отстапи на општинското основно училиште, детската градинка и општинските и градски библиотеки низ источниот регион, како и во други делови од земјата, а примероци од книгата ќе бидат доставени и во дневниот центар за лица со посебни потреби во Македонска Каменица.

Image Not Found

Ова едукативно издание е уште една од низата општествено одговорни активности што ја спроведува Рудник Саса, во рамки на својата долгорочна стратегија за одржлив развој и просперитет на заедницата.

Image Not Found
Image Not Found

Македонска Каменица, 27 јануари 2024

mk_MK