Home – SASA lead & zinc mine

По објавените информации во јавноста поврзани со појавата на изумрени риби во езерото Калиманци на 6 август оваа година, Рудник Саса е подготвен да ги достави сите факти и податоци до надлежните институции при евентуалната натамошна постапка со која ќе се утврди вистинската причина за споменатата појава.

Нагласуваме дека појавата на изумрени риби во езерото Калиманци може да биде последица од различни потенцијални причини кои не се поврзани со тековното работење на рудникот Саса.

Во рудникот Саса се спроведуваат редовни и вонредни инспекциски надзори од страна на надлежни државни институции. При тие контроли е утврдено дека рудникот работи во согласност со А-интегрираната еколошка дозвола.

mk_MK